Граѓански фото објектив – Младински парк со фонтаната во Велес
Велешанецот Атанас Крлевски е автор на објавената фотографија на Младински парк во Велес. Фотографијата со неговиот објектив е фотографирана деновиве. Крлевски под фотографијата пишува:
„Фотографијата е направена од терасата на Театар Џинот и ја прикажува фонтаната во Младинскиот парк и црквата „Св. Кирил и Методиј“. За оваа глетка, надополнета со велелепното здание на зградата на театарот во Велес, досега пишувале и дале одлични оценки за просторно уредување десетици признати македонски архитекти. Тие споделувајќи го сопственото мислење сметаат дека ова е простор со кој градот може да се фали како дома така и надвор од Македонија. А за Велешани, Младинскиот парк и особено фонтаната е едно од најомилените и најпосетените места, посебно во лето.“
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк