Издумани Крлевизми: „Само брачните проблеми се решаваат ако им подлегнеш“
Објавено: 5 декември, 2025, во 10:16 часот
Бракот често е неисцрпна инспирација за духовити размисли, а афоризмите на велешкиот афористичар Атанас Крлевски тоа најдобро го потврдуваат. Прочитајте ги новите 15 издумани Крлевизми.
– И изборите за животен сопатник може да имаат повеќе кругови.
-Нашиот брак е како нашиот клавир. Го имаме, ама не знаеме да свириме.
– Бракот од интерес е влог во пирамидална штедилница.
-Џабе е брокер! Жена му е доминантен управувач на акциите во семејството.
-За мене жена ми е закон, а тештата поднесувач на амандмани.
-Имаме мирен брак. Јас молчам и трпам, а таа молчи и ужива.
-За жена ми знам како дише, а таа за мене и како р‘чам.
-Кралот е гол! Лошо е оженет.
-Постои љубов и во денешните бракови. Секој се сака себе си.
-Пред да се оженам бев крал, но и во бракот останав значајна фигура – коњ!
-Само брачните проблеми се решаваат ако им подлегнеш.
-Кој рано рани и носи на жена му кафе во постела.
-Тој е колумнист, а жена му трачист.
-Бракот не е спорт. Ако се бориш да бидеш прв, ќе те остават трет.
-Среќата е во моите раце, а јас во рацете на жена ми.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк


