Издумани Крлевизми: Само една тенка линија го прави огледалото неупотребливо

Објавено: 4 мај, 2026, во 10:08 часот

По продолжениот викенд  за првомајскиот празник, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, ги става на читање најновите афоризми на читателската заедница на Дума.мк. Прочитајте го минатонеделниот предизвик на афористичкото перо:

„Скромен горделивец? Човек – маска!“

„Без услови живее само љубовта.“

„На креативците им симнувам капа. Креативно!“

„Бракот бара потпис. Љубовта, не!“

„Ме остави без зборови. Сега ѝ пеам.“

„Совеста пред законите! За да ги почитуваме.“

„Убавата жена е магнет и за парите од хартија.“

„Само една тенка линија го прави огледалото неупотребливо.“

„Слаб политичар употребува многу зборови на кои не им го знае значењето.“

„И да сум домазет не би ја заборавил мајка ми.“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.