Издумани Крлевизми: „Се разочарав на патот кон ѕвездите. Видов ѕвезда како паѓа“

Објавено: 28 ноември, 2025, во 12:11 часот

Во новата серија од „Десет Издумани Крлевизми“, велешкиот афористичар Атанас Крлевски со само неколку зборови успева да ја раскаже нашата секојдневна апсурдност, понекогаш смешна, понекогаш горчлива, но секогаш искрено препознаена.

-Можеби не сум цвеќе за гледање, ама сум цвеќе за мирисање!

-Книгата е извор на знаење. Не читајте ја ако е загаден!

-Се разочарав на патот кон ѕвездите. Видов ѕвезда како паѓа.

-Кога ќе посакам да фатам мотика, чекам! Желбата бргу ми минува.

-Ако се изгориш на жарче, боли кожата. Ако се изгориш на ,,тајно жарче”, боли срцето!

-Мрзеливоста останува неизлечива болест. Медицината не ја изучува.

-Кој ви работи зад грб, никогаш не ве погледнал в очи.

-Купуваме на почек. Со часови ја чекам сопругата додека купува.

-Осаменоста и кога ви е избор, не е среќа.

-Нагоре високо – надолу длабоко, а средината не го прифаќа.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.