Коки: „Атлетиката му беше слаба страна, кај ниту една не стигна…ПРВ!“

Објавено на 10 февруари, 2025 во 09:32

Афористичарот Никола Бошков Коки и овој понеделник е со читателите на Дума.мк за кои ги напиша следниве седум афоризми:

„Во моето опкружување постојат мошне сексипилни МАЧКИ, кои секој месец во годината го чувствуваат како февруари.“

„Дали со своите приказни некои актуелни политичари имаат желба да влезат во историјата или, пак…во народните бајки?“

„На денот на вљубените, некои мажи ќе ги носат своите жени во срцата, а љубовниците …со обете раце во некој сомнителен мотел.“

„Ако и на овој ВАЛЕНТАЈН ,потенцијалните швалери не се во состојба да „уловат”некоја РИБА, значи дека мамката не им е добра.“

„За многуте жени денес е РАЈ, но не верувам дека за Ева било рај, кога пред себе имала само еден, единствен избор…АДАМ.“

„Таа доследно ги пичитуваше правилата и прописите за учество во сообраќајот: ниту еднаш не заборави на себе да го прицврсти појасот…на невиноста.“

„Атлетиката му беше слаба страна, кај ниту една не стигна…ПРВ!“

Вашиот КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.