Коки: „Денес веќе се e јасно, се знае и кој пие, и кој…не е платен!“

Во првото утро по верскиот празник „Водосвет Водици“ од кога започнуваме да се поздравуваме со традиционалниот поздрав „Бог се јави, навистина се јави!“ и по синоќешното славење на имендените на сограѓаните Јордан-овци, секако и денешните Јован-овци афористичарот Никола Бошковски Коки исто така читателите на заедницата на Дума.мк ги поздравува со 10 нови афоризми.
„Денес веќе се e јасно, се знае и кој пие, и кој…не е платен“
„На многуте алчни, компромитирани и корумпирани политичари, кои воопшто немаат почит и чувство кон сопствениот народ, посакувам да им ги покажам ЗАБИТЕ, ама незнам во која чаша ми се наоѓаат …протезите.“
„Во нашето судство сеуште постојат мошне чесни, одговорни, сериозни судии и адвокати: Нив не можете да ги купите за смешни пари.“
„Откако женетиот човек ќе се најде во пеколот, дури тогаш ќе почувствува дека тоа е неговиот вистински, заслужен одмор од брачните должности.“
„Девојки, не правете селекција меѓу чувствителните и емотивните, искрените и внимателните, шармантните и страствени момчиња, ќе останете…немажени.“
„Стравувам дека доаѓа времето, кога наместо земјоделците, единствено на археолозите ќе им преостане грижата да ја „обработуваат” земјата.“
„И за спортовите кои исклучиво се играат со раце или нозе, неопходно е потребно да се има и…глава.“
Вашиот,Коки
