Коки: „Домашните обврски не ми бегаат, затоа јас никогаш не трчам по нив.“

Објавено на 13 октомври, 2025 во 10:10

Коки со нови осум афоризми за читателите на Дума.мк. Ова понеделничко утро започнете го со насмевка, уживајте!

-Во демократијата сите имаме право на глас, но не сме доволно слушнати.

-Премиерот вели дека на овие локални избори, единствено постојат две опции: несомнено мислеше на едната, ПАТРИОТСКАТА-со бугарски корени, бугарска самосвест и бугарски пасоши, и онаа-другата, на луѓето кои во сопствената држава не можат да се наречат Македонци, туку едноставно претставуваат…ГРАЃАНИ.

-Кога партиските кандидати за градоначалничкото столче ги измачува предизборна несоница, несомнено започнуваат да бројат гласачи.

-Домашните обврски не ми бегаат, затоа јас никогаш не трчам по нив.

-Многуте сопруги веруваат дека во фирмите се случуваат итни, неодложни состаноци, но не веруваат дека записниците се водат на бели кошули, со кармин за усни.

-Потковицата носи среќа, но вашата среќа ќе биде уште поголема, ако успеете да ги пронајдете останатите три, и…коњот.

-Со евентуалната рестрикција на струјата и ограничувањето на грејните тела, ќе бидете мошне задоволни ако комшивката ви го загрее креветот.

-Честопати во животот е како и на фудбалскиот терен, штом некој ќе се обиде да ве претекне, вие го сопнувате.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.