Коки: „Секој има право да се прави луд, но имам чувство дека денес, некои политичари тоа право го злоупотребуваат“

Објавено на 27 ноември, 2023 во 10:27

„Добро утро, убава работна недела“, Ви посакува афористичарот Никола Бошковски Коки кој ви напиша шест нови афоризми:

-Кога мажот ќе прогледа, на слепата љубов и е дојден крајот.

-Секој има право да се прави луд, но имам чувство дека денес, некои политичари тоа право го злоупотребуваат.

-Постојат мнозина луѓе кои лудуваат по жени, но и луѓе…кои полудуваат од жени.

-Конечно, успеав да ја пронајдам жената на својот живот, сега имам жена, но ми недостига…живот.

-Единствено во креветот можат да се видат голите вистини.

-Сепак, на крајот, со шефот успеавме да изнајдеме заеднички јазик, оној на секретарката.

Kоки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.