Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски трет на атлетската трка „Че трчаме“во Прилеп
Објавено: 1 септември, 2025, во 15:50 часот
Роберто Димитриевски член на Атлетскиот клуб „Велес“ на вчера одржаната атлетска трка „Че трчаме“ во Прилеп, во силна конкуренција на атлетичари од земјава и Бугарија, го освои високото трето место на трката на 5 километри низ прилепските главни улици со старт и цел во центарот на градот.
Во истата конкуренција првото место го освои Коста Петрески од АК „Делта“од Скопје и од истиот атлетски клуб втор на целтата стигна Бојан Чапчикј.
Во женска конкуренција, на 5 километри, прва на целта стигна бугарката Памела Ени, второто место го освои Ирма Хајдари од АК„Делта“ од Скопје“ а трета беше бугарската атлетичарка Анастасиа Пејчева.
Во трката на 10 километри триумфираше македонскиот олимпиец Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“, втор на целта пристигна бугарскиот атлетичар Иво Балбанов додека трет беше македонскиот Димитар Илиев.
Кај жените на 10 километри триумфираше бугарската атлетичарка Маринела Нинева пред најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова од АК „Делта“, која на целта пристигна втора, а трета од истиот клуб на целта пристигна Миљана Ристиќ.

Роберто Димитриевски за Дума.мк изјави дека трет пат учествува на Прилепската атлетска трка „Че трчаме и пресреќен е што конечно се искачи на пиедесталот, освојувајќи го третото место иако целел кон првото. Тој минатата година на оваа трка беше четвртопласиран и за малку му измакна пехарот, но годинава освои за трето место. Димитриевски е мотивиран вгодина да стигне прв.
-Трката беше напорна, а конкуренцијата силна. Цело време трчав напред со водечките атлетичари и на крајот стигнав трет на целтта. Победата не е случајна како што некои мислат кои ме гледат дека така лесно трчам. Победата се должи на напорни долгогодишни подготовки, секој ден по двапати на патеката во Градскиот парк. Покрај пеколните жештини во оваа лето, сепак ниту ден не изостанав од патеката бидејќи треба да се тренира континуирано, без застој, ако сакаш да имаш резултати. Затоа јас напорно тренирав, чувствувам дека сум во топ форма,“потенцира Роберто.
Тој воедно апелира до градските власти за него и сите велешки атлетичари да го исполнат одамна даденото ветување и да ја реконструираат руинираната над 40 години стара атлетска патека на Фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“, во Градскиот парк. Се со цел сите атлетичари и рекреативци да можат секој ден полесно да тренираат и да не ги болат нозете од бехатон патеката. Воедно да им направат и соблекувална, која до пред некоја година атлетичарите ја имале на стадионот, но локалната власт им ја одземала и ја преспособила во тоалет.
Инаку Роберто Димитриевски веќе се пријавил и напорно се подготвува за претстојните атлетски трки во Кичево оваа недела, потоа за атлетската трка во Битола, за Скопски визар маратон , за трката во Лозово и на останатите атлетски трки во земјава и странство.
Убавка Јаневска
