Промоција на најновиот роман „Црна лисица“ на писателот Блаже Миневски!
Кавадарчани, во среда навечер, ја наполнија градската галерија на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“. Пред љубителите на пишаниот збор книгата на Миневски ја промовираа писателот Ефтим Клетников и од хроничарот Ставре Џиков.
Според авторот, книгата, преставува биографија на македонското дисидентство бидејќи во неа се опишани родољубивите чувства на повеќемина граѓани кон Македонија повеќе одошто тоа било дозволено.
Во градењето на приказната Миневски користел автентични документни, разговори со сведоци, полициски извештаи, прислушкувани разговори, запленета архива, писма и документи на македонски патриотски организации во Европа, како и доушнички доставки за голем број македонски политички емигранти во Европа, Австралија и Америка.
За писателот Ефтим Клетников, романот на Миневски е исклучително дело во кое авторот се зафатил со доста опасна тема од литерарен аспект, не од политички. „Писателот преку македонската емиграција и еден централен лик ги отсликал македонските трауми и судбини,“ рече Клетников.
