Издумани Крлевизми: „Вистината исплива на површина, но далеку од брегот“

Објавено на 1 март, 2024 во 12:07

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски овој петок испрати десет нови крлевизми на тема „за вистината“. Прочитајте ги и како што вели Крлевски слободно пронајдете се! Следете не и следниот петок, да видиме која следна тема ќе го инспирира велешкиот афористичар. Уживајте!

-Секоја борба за вистината е нерамен бој.

-Вистината не е веќе во виното. Си кажуваме сѐ и со вода.

-Не можам да и погледнам на вистината во очи. Кога ќе ме види, го спушта погледот.

-Секому му ја кажувам вистината в лице. На дволичните двапати!

-Вистината исплива на површина, но далеку од брегот.

-Вистината излезе на виделина, но тој умре во темница.

-Тешко ми е кога лажам за да ја зачувам вистината.

-Му недостасуваат вистини за испиеното вино.

-И во жолтиот печат има вистина. Името на весникот.

-Голата вистина ја нема и во сексот. Ја избркаа силиконите.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.