Издумани новогодишни Крлевизми: „Годинава сакам Дедо Мраз нешто да ми однесе. „ Што ќе речат луѓето“ со години ме мачи.“

Објавено на 29 декември, 2023 во 10:41

-Нe e точно дeка кај нас сѐ доцни. Новите години доаѓаат точно на време.

-Политичарите треба да учат од Дедо Мраз. Тој не ветува, дава!

-Во новогогодишната ноќ нема да пијам. Не ни е стасан расолот.

-Како ја дочекав Новата Година? Не се сеќавам!

-Дедо Мраз има идеално работно време: еден месец работи – единаесет користи годишен одмор!

-За сите Новата Година започнува во Нов Зеланд, а само за некои под масата.

-Годинава сакам Дедо Мраз нешто да ми однесе. „ Што ќе речат луѓето“ со години ме мачи.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.