Во афоризмите на Коки на ред стигнаа директорите и фудбалските судии освен жените
Освен жените денешните афоризми на Коки добро е да ги прочитаат директорите и фудбалските судии. И нека не ги сфаќаат многу сериозно затоа што тие се напишани за момент да предизвикаат насмевка на лицето или пак доколку ги читате во група да бидат поттик за меѓусебна шега.
-Нити една бајка на светот не започнува со: „Си бил еднаш еден среќен маж“.
-Велат дека првата љубов најдолго се помни, можеби затоа што многумина луѓе, успеале да извлечат поука од сопствената грешка.
-Јас ги засукувам ракавите кога треба да работам, а мојот директор кога ги ПЕРЕ рацете.
-Животот честопати знае да биде мошне непредвидлив и суров, ќе се ожените со ангел, па потем ќе сфатите дека живеете во пеколот.
-Мојата нова, сексипилна соседка е како авион, постојано ги менува пилотите.
-Фудбалската правда е веќе многу одамна погребана, затоа и фудбалските судии носат црна облека.
Афористичар
Никола Бошков – Коки