Левица: „ Споменот на Рацин го доживеа срамот во Велес, судбината на непочитувањето и самооткажувањето во неговиот роден град Велес“
Партијата Левица се огласи со соопштение за јавност по завршувањето на јубилејните „60 Рацинови средби“ ,изминатиот четврток, на 15 јуни, во Велес. Оваа партија, во соопштението,го изразува своето разочарување од организацијата на средбите, не присуството како на високите гости од државниот врв така и на локалните функционери, членови на Совет на општината и други званици и гости на културно – поетската манифестација со која годинава се одбележаа јубилејните шеесети средби посветени на ликот и делото на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден град.
Во соопшението на Левица пишува:
“Она што остана како впечаток е мислата дека делото, големината и значењето на Рацин ја доживува истата судбина како и впрочем целиот негов краток живот. Споменот на Рацин го доживеа срамот во Велес, споменот на Рацин ја доживеа судбината на непочитувањето и самооткажувањето во неговиот роден град Велес.
После реакцијата на член на Левица за непристојното и безобразно однесување на министерката, се јавија и нејзините послушници со своја реакција. Но пред фактите и Боговите молчат.
Марко Колев годинава ги приреди најочајните Рацинови Средби.
Ја напушти салата пред завршувањето на свеченото отворањето на „60тите Рацинови средбите“.
СДС ја пратија министерката на блиц присуство за сликање и толку, а ниту еден нивни советник немаше храброст да се појави да го гледа филмот „Црвениот поет“!
Но она што му е заедничко на брачниот пар ДПМНЕ и СДС е непочитувањето, омаловажувањето и не достојното однесување за време на Рациновите средби.
И да, салата беше полупразна затоа што се потрудија да биде така т.е не направија ништо повеќе за да биде поразично.
Затворањето на „60 Рацинови средби“ беше пикот на срамот, врвот на целокупното организациско фијаско кадешто никој од локалната власт, но и советниците на СДС не се одважи да се појави како чест за Рацин, а воедно и чест за добитникот на „Почесното Рациново признание за 2023 година”.
Поради нивниот пропуст, на советникот од Левица – Димитар Абрашев му припадна честа да го додели ова големо признание.
За чествување на достоен јубилеј во спомен на Рацин очигледно ќе се надеваме во наредните години, кога сите ние како сограѓани на Рацин ќе ја сфатиме должноста и обврската која ја имаме спрема овој великан.
Левица, нејзините советници и членови ви го спасија настанот со своето присуство и достоинствено оддавање почит, како што доликува за РАЦИН. РАЦИН Е БЕСМРТЕН!,“ пишува во соопштението на Левица.
Убавка Јаневска