Ликовна изложба на портрети на Гоце Делчев од велешкиот академски сликар Ангел Петров во Белград, Република Србија
Дванаесет од вкупно 50 портрети со ликот на Гоце Делчев, изработени од академскиот сликар Ангел Петров во последните пет децении од неговиот творечки опус, изработени во повеќе сликарски техники како што се туш, молив, акрилик, масло и комбинирана техника ја сочинуваат постановката којашто ќе биде изложена во галеријата на „Педагошки музеј“ во Белград, на 19 октомври, среда. Изложбата свечено ќе ја отвори и за Гоце Делчев ќе говори проф. д-р Катерина Тодоровска од Институт за национална историја Скопје. Во годината што е посветена на 150 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев изложбата во Белград свечено ќе биде отворена во 19:00 часот.
Оваа изложба, исто така се реализира по повод двата зачајни датуми од македонската историја, поточно 11-ти октомври, ден на народното востанието на Македонија како и 23-ти октомври, ден на македонската револуционерна борба.
Изложбата е во организација на Македонско здружение „Македониум“ од Белград како и Фондација за култура „Ангел Петров“ од Велес.
Стефани Манева