Ликовни уметници од Турција ќе изложат свои дела во Кавадарци
Објавено на 1 април, 2024 во 15:01
Ликовната изложба “Уметноста – мост на поврзување на народите“, на која преку ликовни дела ќе биде претставена уметноста на триесетина ликовни уметници од Република Турција ќе биде отворена во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци утре,вторни, 2 април, со почеток во 19 часот.
Авторите ќе бидат гости на Кавадарци. Тие ќе имаат можност за непосредно запознавање со љубителите на ликовната уметност во Кавадарци. Вљубениците во уметнички сликарски дела изворно ќе зе запознаат со нивната уметност и уметничкото движење на модерна Турција.
Ангел Данов