Македонскиот стрип дел од изложба во Сомбор, Република Србија

Објавено на 18 мај, 2023 во 09:54

Со отворање на изложба на стрипови од актуелни македонски стрип автори, во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор, започна осмиот Сомборски стрип фестивал. Томе Трајков селектор и приредувач на изложбата рече дека таа претставѕва збогатување на досегашната соработка и информирање на други стрип настани во регионот и пошироко.

-Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас.  Изложените стрипови стриповите се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје  , Дамјан Шокев  -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.Како сценаристи на некои од делата беа застапени : Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески , Војдан Андонов, Ѓоре Гелев од Скопје, додаде Трајков.

Исто така, тој потсетува и дека изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на осмиот Сомборски меѓународен салон на стрип и фантастика , којшто ќе се одржи овој викенд.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.