Македонскиот стрип на колонија во Рашка, Србија

Објавено на 26 јули, 2024 во 11:56

Во туристичкиот комплекс во село Семетеш, во соседна Србија, од утре до среда, ќе се одржува 12-тата Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023“, каде преку Стрип Центарот на Македонија-Велес ќе присуствуваат Ангела Петрушевска млада и талентирана стрип авторка од Скопје и Томе Трајков програм координатор на организацијата. На оваа стрип колонија ќе учествуваат  и млади од стрип училиштата од Србија: од Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград , Сомбор и Крагуевац.

Трајков го нагласува повеќегодишното учество на македонски автори на оваа стрип колонија коешто датира од 2015 година и се продолжува повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка.

-Треба да се направи паралела  помеѓи стрип колонијата во Рашка, Србија и таа во Велес којашто е дел од Интернационалниот стрип салон-најзначајниот стрип настан во Македонија. Конкретно Стрип колонијата во Велес започна да се организира од  2018 година. Разликата помеѓу овие две стрип колонии е што учесниците таму не се обврзани да ги завршат стриповите (како овде). Но, на колонијата во Рашка се организираат предавања, промоции ,менторска поддршка и слично, објаснува Трајков.

Македонија е единствена поканета земја надвор од српското  јазично подрачје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.