Неделен афористички поздрав од велешкиот афористичар Коки
Објавено на 17 октомври, 2022 во 10:33
Велешкиот афористичар Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:
-За жал, денарот денес исклучиво служи за враќање кусур.
-Анатомија е она што ја имаме сите, само што таа за разлика од мажите, на жените многу поубаво и пристои.
-И во сексот се сe помалку оние што го држат јазикот за забите.
-Господата кои постојано седат во удобните кожни фотељи, бескрајно ќе ве уверуваат дека од оваа кожа во друга не се може.
-Постојат луѓе што ги мразат сите жени и луѓе…што ја мразат само својата.
-Атлетиката му беше слаба страна, кај ниту една не стигна прв.
Афористичар
Никола Бошков – Коки