Новогодишен афористички поздрав од Коки: „Мене жената секогаш ми ги средува сметките, јас само плаќам“
Објавено на 1 јануари, 2024 во 12:36

Вредниот афористичар Никола Бошковски Коки и на првиот ден од новата 2024 година ги испрати своите шест најнови афоризми, создадени за читателите на Дума.мк, деновиве или во пресрет на празниците. Прочитајте ги затоашто се напишани за да ви го разубават првиот ден од годината.
„-Најлесно е да им солиш памет на оние што имаат чорба во главата.
-Многу жени ја посакуваат власта во своите раце, иако нив мажите најмногу ги ценат според нозете.
-Мене жената секогаш ми ги средува сметките, јас само плаќам.
-Понекогаш бракот наликува на лотаријата: Некогаш добива мажот,некогаш…други.
-Не дигаат сите раце кога се согласуваат, некои дигаат нозе.
-Кога некои искусни жени би пишувале мемоари,тогаш тоа би биле драми со поголема бројка на јунаци.“
КОКИ
