Програма на јубилејниот 20-ти ИФАД „Стоби“, љубителите на античка драма две престави организирано ќе гледаат во театри во Битола и во Скопје
Во понеделник, на 2 октомври, започнува 20-тото издание на Интернационалниот Фестивал на античка драма „Стоби“. На прес конференција Сашо Димоски ја соопшти годинешната Програма на фестивалот и учесниците, поточно домашните и странски театри, во официјална и офф програма, чии претстави ќе се играат на големата сцена Петре Прличко и на малата сцена Борис Бегинов во велеши Театар.
Годинава, љубителите на античка драма од Велес ќе имаат можност две театарски претстави да гледаат на матичните сцени на театрите учесници на ИФАД „Стоби“. Со организиран, бесплатен превоз, публиката ќе патува до Битола за да ја гледа претставата „MY NAME IS MEDEJA“ на големата сцена Благоја Стефановски Баге на Народен театар Битола, во четврток, 5 октомври, со почеток во 20:00 часот и на големата сцена на Театар Комедија за претставата „Жени во Собрание“ во понеделник, 9 октомври, со почеток во 20:00 часот.
Дума мк ја објавува Програмата на 20-от јубилеен ИФАД „Стоби“ чие свечено отворање е во понеделник, 2 октомври, со почеток во 20:00 часот кога Драмски театар “Иван Радоев“ од Пловдив, Бугарија ќе ја одигра претставата „Антигона“ на текст на Жан Ануј и фрагменти од Софокле , Рој Хан и Александар Морфов, во режија на Александар Морфов.
Убавка Јаневска