Промоција на наградениот “Роман за 2022 година“ и писателот Влада Урошевиќ во Кавадарци
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е организатор на ексклузивна промоција на Роман на годината за 2022 што во Кавадарци ќе се одржи во четврток на 22 јуни,годинава, со почеток во 13 часот.
Носител на наградата Роман на годината за 2022 година е еден од најголемите македонски писатели на сите времиња Влада Урошевиќ. Тој наградата ја добива за романот “Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ со поднаслов „Старовремски роман“.
Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ од Скопје и е најпрестижна награда од оваа литературна област во Македонија.
На промоцијата покрај промоторите ќе присуствува и авторот, Влада Урошевиќ.
Да потсетиме, Влада Урошевиќ е добитник и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2023, така да ова претставува ексклузивена можност за средба со големиот автор и писател.
Промоцијата се оддржува по иницијатива на Неформалната група уметници “Сокол Арт“ Кавадарци.
Дума.мк