Промовирана збирката со поезија „Простор зад мојата насмевка“ на Светлана Босилкова Далевска

Објавено на 9 јули, 2021 во 15:55
Промоција во Ликовен салон Велес

„Простор зад мојата насмевка“ е името на новата збирка поезија на Светлана Босилкова Далевска. Таа е прозаистка и поетеса од Велес, но долги години живее во Регенсбург, Германија. Ова е нејзина втора издадена книга со поезија за којашто откри дека била создавана преку интересен процес на секоја песна. Дел дел од песните ја оставиле без сон додека останатите и ги пишувала во просек од три до четири дена.

Прозаистка и поетеса Светлана Босилкова Далева

-Провокативното име на стихозбирката има посебно значење за мене. „Мојата насмевка“ e надворешниот свет во којшто живеам, „просторот“ е внатрешниот свет во којшто нижам и пушувам. Мојата прва книга беше проза, пред три години го издадов романот „Лавица зад жица“, потоа следеа првата збирка поезија „Мисловна вртелешка“, па мојата трета книга што впрочем е стихозбирка со наслов „Простор зад затворени врати“. Во моментов пишувам уште една стихозбирка и една збирка на раскази, но нивните наслови ќе ви ги откријам подоцна, додаде авторката Светлана Босилкова Далева.

„Простор зад мојата насмевка

Пред присутните стихозбирката ја промовираше рецензентот Светлана Ќулумова.

Светлана Ќулумова

– Секоја книга на авторката посебна  затоа што таа се трансформира не само во песните  туку и во содржините и личното доживување.  Секоја песна  не само што е нова туку е и ново доживување. Задоволството да се биде дел од оваа промоција е навистина големо, додаде Ќулумова.

Благој Пановски Оршата

Промоцијата на збирката поезија „Простор зад мојата насмевка“ се одржа вчера, во Ликовен салон во Велес, во организација на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес. Стихови од збирката„Простор зад мојата насмевка“ беа прочитани со инструментална музичка поддршка на гитаратаристот Благој Пановски -Оршата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.