Терзијски: „Кога има читатели има и иднина за општеството“

Објавено на 18 февруари, 2025 во 14:02

Романот „Ѕвезди под клепките“ на современиот бугарски писател Николај Терзијски, добитник на Националната награда „Христо Г. Данов“ за придонес во книжевната култура и номиниран за сите значајни награди за проза во Бугарија, преведен е на македонски јазик од страна на Издавачки центар „Три“. Романот беше промовиран и во Велес. На промоцијата во Градска библиотека „Гоце Делчев“ присуствуваше авторот Терзијски кој во разговор со Дума.мк го препорача романот на читателите од нашиот град.

Четириесет и едногодишниот Николај Терзијски, роден во Смољан, е писател и новинар. Дипломирал новинарство на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија во 2005 годинаи по две години магистрирал на Филозофскиот факултет. Работел како сценарист и ТВ водител а од 2003 година вработен е како новинар во продуцентската куќа „Седум осмини“ . Во 2014 година го отвора блогот „Терзилаци“ на кој објавува свои раскази, хумористични есеи, политичка сатира, публицистика, осврти на книги.

Досега има објавено три романи. Првиот, „Одлачување којшто ја добива националната награда за дебитантско дело „Јужна пролет“ во 2017 година и истовремено е номиниран за други награди. Две години подоцна го издава вториот роман „Хроники на непознатото“ којшто влегува во тесна конкуренција за роман на годината и за годишните награди на Портал „култура“.

Преводот на македонски јазик на романот „Ѕвезди под клепките“ од Издавачки центар „Три“ е дел од проектот „Нашите приказни“ и е дел од едиција што ја сочинуваат вкупно 10 книги на странски автори вели Виолета Танчева Златева.

Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес како соработник на издавачот „Три“ има примероци од овој роман како и од десеттина други наслови што членовите можат да ги изнајмат за читање.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.