Велес домаќин на изложбата „Македонија памети.Никогаш да не се повтори!“ (фото и видео)
Во Велес, до 1943 година,живееле две еврејски семејства, Бити и Кова. Првото семејство,Бити било на познати аптекари кое благодарение на својата професија, аптекарство, било ослободено од бугарските власти од депортација затоа што како аптекари и лекари, им биле потребни на граѓаните, затоа по апсењето било вратено во Велес.
Второто семејство, Кова било тговско и индустриско па било депортирано во логорот Треблинка. Кова Аврам Исак на 42 години,Аврам Илија на 39 година,Буна Илија на 31 година и Солча Илија на пет години. Според сеќавањата на велешани Аврам Исак бил еден од најдобрите и најхуманите граѓани на Велес. Тој во бакалницата ги услужувал и тие кои што немале да платат. Изградил куќа во близина на денешниот Градски парк. Покрај спортската сала, и му ја оставил на чување на велешанецот Георги Габер затоа што верувал дека семејството оди во работен логор но од Треблинка никој не се вратил.
Ова се дел од информации кои што денеска ги соопшти Јасмина Дамјановска, еден од повеќето автори на изложбата посветена на 80 годишнината од депортирањето на македонските Евреи.
Негувањето на дел од градската историја која е посветена на сограѓаните Евреи е значајно додаде Наумче Ризовски в.д раководител во Велес на одделението на Државен Архив на Македонија. Тој додаде:
На свеченото отворање на изложбата во Ликовен салон Велес директорот на Народен Музеј, Ангел Коруновски ја издвои соработката со архивот и отвореноста на градската културна институција за посети како од страна на граѓаните така и од страна на ученици, на деца.
Изложбата предизвика големо внимание кај присутните кои внимателно ги разгледуаваа изложените материјали. Тоа што особено радува беше присуството на скромниот број на ученици на кои им беше посветено особено внимание преку дополнителни информации за кои што покажаа интерес.
Велешани ќе имаат можност идната недела да го посетат Ликовен салон и да ја разгледаат изложбата.
Убавка Јаневска