Велешки театар „Џинот“ со претставата „Едвард Втори“ настапи на фестивалот „МЕСС“ во Сараево
Вчеравечер на 64 Интернационален театарски фестивал „МЕСС“ во Сараево, БиХ, поточно на третиот фестивалски, како дел од натпреварувачката програма, публиката во Народниот театар Сараево имаше можност да ја погледне копродукциската претстава „Едвард Втори“ на НТ „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес, Македонија и Драмски театар „Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.
„Оваа претстава е производ на драматуршкиот „римејк“ на класичната драма од Кристофер Марло, по текст на Сашо Димоски, а во режија на Андреј Жолдак, со додаток на поп-арт физички театар, во кој авторите играат со различни жанрови, особено криминални – трилер,“ објави познатиот театарски фестивал.
Улогите во претставата ги толкуваа Борис Крстев, Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски.
Дума.мк