Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми ?

Објавено на 4 јули, 2022 во 10:22

Почетокот на работната седмица го започнуваме со насмевка благодарение на новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“.

-Дојде време да се живее исклучиво од љубов, зошто денари има се помалку. ?

-Денес, занимавањето со политика за многумина претставува мошне корисен бизнис: почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува. ?

-Искусните жени постојано ќе ве уверуваат дека е многу подобро да се има ПАТКА в раце,отколку… Лебед на езеро. ?

-На многумина луѓе во бракот им е се токму, освен жената. ?

-Класичниот секс е веќе далечно минато, сега воопшто не е важно дали имате нешто во гаќите. ?

-Нашиот одбрамбен фудбалер им ги „кршеше“ срцата на девојките, но и нозете…на противничките играчи. ?

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.