(фото) Велешкиот театар со повеќе активности го одбележува 27 март – Меѓународниот ден на театарот
Ученици од неколку велешки училишта, денеска, на 27 март, Меѓународниот ден на театарот, ќе имаат можност да се запознаат со механизмите на велешкиот театар со коишто се подготвуваат театарските претстави. Овој отворен ден на велешкиот театар ќе им овозможи на младите велешани на интересен начин да се запознаат со сите чекори коишто ги поминуваат актерите но и останатите вработени при подготовка на премиера.
Со почеток во 14:00 часот, велешкиот театар ќе ја одржи и првата проба за спектаклот „Рацин“, поетска трагедија, според песни од Кочо Рацин во режија Дејан Пројковски, којашто е дел од годишната програма за работа на институцијата и ќе биде четврта премира за годинава.
Потоа, во 20:00 часот ќе биде одиграна и првата реприза од новата комедија „Вечера за глупаци“ на големата сцена. Билетите за претставата со којашто ќе се одбележи денешниот ден на театарот се распродадени пред скоро една недела.
Велешката публика е долгогодишен поддржувач на театор. Доказ за тоа се распродадените билети за секоја претстава без разлика дали е премиерна или пак дел од постојаниот репертоар.
Театарот „Ј.Х.К Џинот“, исто така, има препознатлива етикета за театарско место и надвор од границите на својата татковина.
Стефани Манева