Во клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ членуваат 17 роднокрајни поети кои пишуваат и ја негуваат поезија

Објавено на 21 март, 2024 во 14:45

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес брои 17 роднокрајни поети коишто пишуваат и ја негуваат поезијата. Гордана Мирчевска и Божидар Јовиќ се поети коишто пишуваат исклучиво поезија за возрасни, додека Вера Благојевиќ, Соња Гаврилова, Марина Стојанова, Славјанка Љуткова, Атанас Крлевски, Нада Алексоска, Родна Јанчева и Лили Арсова пишуваат поезија и за деца и млади.

По повод Меѓународниот ден на поезијата, 21 март, шест членови од велешкиот клуб на писатели пред средношколците во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ одржале поетско читање на свои поезии.

-Денеска го одбележавне нашиот ден со поетско читање. Ние, членовите на клубот на писатели ја негуваме поезијата и редовно организираме поетски читања, посетуваме разни манифестации и во други градови ширум нашата татковина. Годинава работевме многу, голем дел од поетите издадоа и промовираа свои нови книги. За нас е многу битно што земаме учество на сите манифестаци, ги почитуваме средбите коишто се организираат и одиме на поетски читања но и другите клубови доаѓаат кај нас. Ние годинава по 15 пат ќе ја организираме велешката поетска вечер, рече претседателката на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Лили Арсова.

Дел од роднокрајните автори во текот на утрешниот ден ќе учествуваат и на  јубилејното 10 издание на манифестацијата „Поетски поздрав на Четрсе“ во Штип.

-Нашите роднокрајни автори во Штип ќе ја читаат својата поезија и истите ќе бидат дел од заедничка збирка, поточно зборник со песни од сите учесници на конкурсот. Исто така, ние како поети сме застапени во многу заеднички изданија коишто се издадени од други клубови или пак библиотеки во нашата држава но и надвор од неа, додаде Арсова.

Велешките поети одат и во Кокино на поетско читање, во Прилеп на манифестација кај слонот на тронот, на Охридски поетски бисер, културно лето Кавадарци и во Струмица.

На нашите роднокрајни поети им го честитаме Светскиот ден на поезијата и им посакуваме безброј успеси, Велес има со што да се гордее.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.