Започнаа пробите за претставата „Без крв“, ја подготвуваат велешкиот театар со драмскиот театар Пловдив

Објавено на 4 јуни, 2024 во 11:06

Во Драмски театар Пловдив, вчера, започнаа пробите за претставата „Без крв“ на истоимениот роман на Алесандро Барико. Како што информираат од театарот текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и режија на Дијана Добрева. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Ј.Х.К – Џинот“ заедно со драмскиот театар Пловдив.

-Проектот се спроведува со поддршка на министерствата за култура на двете земји, Бугарскиот културно-информативен центар Скопје, како и Фондацијата Пловдив 2019 во рамките на програмата „Наследство 2023“. Во изведбата на претставата од нашиот театар настапуваат Васил Зафирчев, Ќети Борисовска, Исидор Јовановски и Филип Христовски, додека од колегите од Бугарија настапуваат Маргита Гошева, Тодор Дарлјанов, Константин Еленков, Патриција Пандева, Елена Кабасакалова, Кетрин Гачева, Симеон Алексиев, Красимир Василев, Георги Вачев и Златко Шарков, додаваат од велешкиот театар.

Во тимот се сценографот Валентин Светозарев, костимографите Раде Василев и Елена Вангеловска, композиторот Сашко Костов, а за музичкиот аранжман е одговорен Јавор Карагитлиев. Кореографијата е на Олга Панго, видео дизајн – Филип Коруновски.

Премиерата на „Без крв“ ќе биде на 10 септември, годинава, на Интернационалниот театарски фестивал „Кросроудс“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.