Љутков: Очајнички се обидите на СДСМ за мое оцрнување (ВИДЕО)

Беден напад полн со невистини кон мене и моето семејство, пишува во демантот на носителот на советничка листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата по прозивката од актуелниот Претседател и кандидат за нов мандат во Советот на Општина Велес, Кирил Гајдов. Љутков пишува дека тој е велешанец, вработен во Скопје, а неговата сопруга е скопјанка, вработена во театарот во Велес.
-Господине Гајдов сте размислувале ли да поработите нешто друго освен советник? Како човек кој осум години како советник зема плата од градската каса треба да сте информирани добро во Велес кој каде е вработен, а децата си се грижа на родителите. Како возрасен човек и политичар би требало да знаете, дека мешањето на децата во политичка кампања е строго забрането и за овој беден чин на ниска политичка култура ќе бидат известени набљудувачките мисии на ОБСЕ и ОДИХР и дипломатските претставништва кои го мониторираат изборниот процес, вели Љутков.
На прозивките од Гајдов за тоа дали било точно дека од 2008 година и личната карта ви му била „скопска”, за на 03 септември, годинава, да ја промени во „велешка”, само за да можел да бидете носител на Советничката листа на ДПМНЕ како и дали било точно дека деца му биле запишани во училишта во Скопје и дека личниот автомобил го возел со „скопски” регистарски таблички Љутков одговори со прозивка за носителот на Листата со советници на СДСМ.
– Туку вие погледнети си кај вашиот носител. Мислите дека за вашиот носител незнаат велешани колку години вршеше високи државни функции во Скопје од кои велешани не видоа никаков бенефит. Дека цели 15 години му се чува работното место во ЈКП Дервен? Кој цели 5 часа беше кандидат за градоначалник, па утешна награда доби да биде носител на губитничката листа?
Прозваниот носител на Листата со кандидати за советници во Советот на Општина Велес на ВМРО ДПМНЕ додава дека бил глумец, артист,актер, уметник, но пред се професионалец, кој работел и живеел и во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Штип и во сите театри во Македонија и во регионот, со телевизиски и филмски улоги и награди за кои на СДСМ и коалицијата ќе им било потребно да си земат слободен ден од кампањата за да ги добројат и констатира дека Македонија била неговиот дом. Исто така дообјаснува дека бил горд што бил носител на победничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за неговиот град Велес додека велешани на 17ти октомври ќе ја казнеле локалната власт за нереализираната изборна програма од пред четири години и за лагите кој повторно им ги ветувате.
Убавка Јаневска
