Тензичо е на неколку гласачки места во Велес!
Меѓу активисти на две политички партии за малку беше избегнат инцидент.
Обвинувања за „Бугарски воз“ е причината за тензијата која се создаде на гласачкото место 2173 во објектот на градинката кај Стар мост. Две групи од активисти на политички партии вербално се расправаа, а малку фалеше да дојде до инцидент меѓу нив. Обвинуваат дека еден човек сакал да пушти две ливчиња во гласачката кутија, по што интервенираа и членови од Општинската изборна комисија.Сепак гласањето на ова избирачко место не е прекинато.
„Јас не можам да потврдувам ниту да демантирам ништо од овие информации. За повеќе детали обратете се во Државната изборна комисија“, рече Емилија Андовска, претседател на ОИК.
Слични обвинувања има и за уште неколку избирачки места, но потврда од ОИК нема./Б.Н.
