Црвенковски: „За нас овие избори не се легитимни“!

Објавено на 7 април, 2013 во 23:06

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски вечерва констатира дека Македонија не била ниту слободна, ниту пак демократска и правна држава.

Во Македонија со ваков режим на власт, човек да го даде гласот за опозицијата треба да е храбар да ги преземе сите ризици. Тврдам дека нема слободна држава во која има ваква злоупотреба на државните институции. Тврдам дека нема демократска држава каде на ваков безобразен начин можат да се трошат парите на граѓаните, каде што има узурпација на медиумскиот простор како овде. Во таква држава не може да има нормални избори“, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во вечерашното обраќање, пренесе А1он.

„Се применија сите познати и непознати тактики, на овие избори дури се увезуваа и граѓани од други краеви на земјава но и од други земји од соседството. За нас овие локални избори не беа демократски и фер, и за нас се сосема нелигитимни. Сакам да упатам една порака до сите граѓани на Република Македонија без разлика дали гласале или не и без разлика за кого гласале. Работиве во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдно се лажат, на овие избори губи нашиот народ и целата наша земја“, рече Црвенковски и најави продолжување на битката, како што рече, против диктатурата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.