Пемова: „Со ваша поддршка ќе реализираме уште многу проекти“
Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, д-р Весна Пемова денеска на прес конференција побара подршка од кавадарчани за уште еден мандат во парламентот.
Нагласи дека во изминатиот период владата реализиралај големи проекти со кои се подобрил животот во општина Кавадарци, а доколку ја добие подршката за уште еден мандат исто така ќе ги застапува интересите на кавадарчани.
„ Го решивме деценискиот проблем со водата за пиење, изградивме локални патишта, изградивме училишни спортски сали, на земјоделците редовно им се исплатуваа субвенции, а секако најважно од се` се вработувањата на неколку илјади сограѓани во Дрекслмаер. Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ со која излегуваме на овие избори предлагаме уште многу значајни проектисо конкретни рокови и финансиска конструкција за нив со кои ќе се подобри животниот стандард на секој наш граѓанин“ рече д-р Пемова и упати покана до членовите, симпатизерите и останатите граѓани да присуствуваат на утрешниот митинг на градскиот плоштад во Кавадарци, закажан со почеток во 20.30 часот на кој ќе биде претставена изборната програма и кандидатите за пратеници./A.Д