Китев: Претседателот треба да ги решава проблемите, а не да бега од нив„
„На 13 април избираме шеф на државата. Од новиот претседател се очекува да одговори на најсериозните предизвици со кои денес се соочува Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе застане на чело на едно широко граѓанско движење, кое ќе ги донесе нужните промени во земјава“ рече на денешата прес конференција на кавадаречките социјалдемократи кандидатот за пратеник Бетиане Китев.
Тој ја побара подршката од кавадарчани, за како што рече Македонија да станела полноправна челнка на ЕУ и НАТО, правна држава со независно судство и држава без политички затвореници.
„Залудна им е целата негативна кампања која ја водат. Стево Пендаровски стои пред вас со искрен пристап, без тутори, ментори и сопственици. Пред вас почитувани сограѓани Стево Пендаровски настапува со совјата програма и со неговите десет начела. Претседателот ги претставува граѓаните и го брани нивниот државен интерес. Претседателот треба да ги решава проблемите а не да бега од нив, мора да обединува, не смее да ги дели луѓето. Тој не смее да е нем на неправдите, нееднаквоста, социјалното раслојување, подемот на сиромаштијата. Претседателот е должен да ги остварува стратешки цели на земјата, да го подобри меѓународниот углед на земјата, да биде чувар на уставот. Претседателот мора да се грижи во цела земја да владее правото“ рече Китев./А.Д