Груевски од Кавадарци: Заев може да се прави и крал“
Подршка за 62 пратенички мандати побара вечерва ВМРО-ДПМНЕ од кавадарчани и вети 2064 проекти за мандат од четири години. Нови работни места, повисоки плати и пензии, реконструкција на локални патишта, детска градинка, училишни спртски сали, субвенции за земјоделците и изградба на нови винарии.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека ги манипулирала и потценувала граѓаните и барала доверба без програма. Рече дека СДСМ објавувал анкети од непостоечка фирма, затоа на 27 април ќе добиеле шамар од граѓаните. Тој ги спомена доесега реализираните проекти и рече дека граѓаните можеле да направат разлика. Како гаранција за новите ветувања ја посечи досегашната работа.
„ Го гледате ли Заев како се сили, црка, вика. Вика колку што може. Всушност ако го оцените како психолошки профил во тој човек што многу вика лежи едно мало исплашено човече. Вика за да сокрие својот страв. Тоа е Зоран Заев. Тој мисли ако вика дека нема да го забележиме неговиот страв“ рече Груевски
„За младите родители нудиме мерка намалување на ДДВ за училишен прибор , за купување на ранци и тетратки. Со мерката ќе ги опфатиме младите родители кои што имаат бебиња. Ќње го намалиме данокот за бебешка опрема. Во Кавадарци ќе изградиме нова градинка со капацитет за 180 дечиња. Од Министерството за финансии ќе изводиме 415 илјади евра. Во новата програма имаме уште многу проекти. Еден од нив е реконструкцијата на патот Кавадарци-Неготино, а за реконсрукција на училиштата во Кавадарци ќе издвоиме 715 илјади евра“ рече носителот на пратеничката листа во четвртата изборна единица Зоран Ставрески.
Од кавадарчани уште еднаш довербата ја побара кандаидатот запретседател на коалицијата за подобра Македонија, Ѓорге Иванов.
Пред граѓаните говореше и кандаидатот за пратеник Весна Пемова која била горда што во изминатите години Кавадарци доживеало препород и конечно бил решен деценискиот проблем со водоснабдувањето./А.Д