Китев: Мерките од новата програма на СДСМ економски ќе ја стабилизираат државата
„Програмата со која настапуваме на овие избори е обемна, јасна и остварлива. Програмата е со социјалдемократски предзнак и директно извира од потребите на граѓаните, на народот.Во периодот кој следи, за време на изборната кампањата ќе ја презентирам програмата на СДСМ. Денешната прес конференција ќе ја посветиме на новата економска политика која ќе ја практицира новата влада на СДСМ со своите коалициони партнери“ рече на денешната прес конференција кандидат за пратеник на СДСМ од Кавадарци, Бетиан Китев.
Нагласи дека првиот столб во програмата бил враќање на средната класа, бидејќи актуелната власт до максимум ја зголемила нееднаквоста и го нарушила македонскиот пазар на работна сила.
„Работичките права се скратени до крајнос а сите привилегии се во рацете на работодавачите. Синдикатот наместо да биде скандинавски булдужер за работникот синдикалните раководства се ставија во функција на власта. Во исто време лошата економска проценка за рамен данок не самп што не донесе ублажување на нееднаквоста туку спротивно- го насочи доходот кон богатите и кон странство. Истовремено владата води многу помала грижа за домашните инвеститори и домашните претпријатија . Нашата програма и нејзината реализација во мандат од четири години ќе овозможат дејствување на два механизми: Забрзан развој на приватниот (деловен)сектор, за тој да стане способен да вработува побројна работна сила и на тие вработени да им исплаќа повисоки плати. Поправедна распределба на доходот кој се создава при обавување а деловните активности. Програмата на СДСМ јасно потенцира и ќе ја реализира својата политика за макроекномска рамнотежа- тоа значи добра координација меѓу монетарната и фискалната политика со што ќе се одржува макроеномоската стабилност. Тоа ќе значи ниска инфлација, ценовна стабилност и одржлив буџетски дефицит“ рече Китев.
Доколку СДСМ ја добиела довербата од народот ќе се спроведеле и мерки за враќање на 15% од платениот ДДВ кон сите крајни потрошувачи, праведно оданочување-стапка на персонален данок од доход од 9% за годишен приход од 720.000 денари и 18% за приходот над тој износ. Земјоделците ќе биле ослободени од персонален данок на доход, а ќе се задржел рамниот данок од 10% кај данокот на добивка.
Китев нагласи дека со мерките кои ги содржи новата програма на СДСМ економски ќе ја стабилизирале државата, а на долг рок ќе ја врателе на права патека.