ВМРО-ДПМНЕ Неготино: “СДСМ со писма ни се заканува“

Објавено на 10 април, 2014 во 15:34

Неготинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обвини дека во изминативе денови членови на нивниот политички опонент, СДСМ, вршеле притисоци и заплашувања врз нивни членови и функционери.

„Писмата ги доставуваат кукавички по шалтерите на институциите, без пропратни листови, адресирани до институцијата и до лицето раководтиелиили директор на институцијата. Истите ги разнесуваат раководни членови од СДСМ како што е Васко Стефанов претседател на ОО на СДСМ  и Жаклина Ќимова, секретар на ОО на СДСМ.  Наместо да ја трошите енергијата на закани и заплашување подобро би било да се посветите на проекти и идеи и да ги посветите на граѓаните“ рекоа на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Неготино.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.