Дејвид Ејмес не е убиен зашто бил против вакцините

Објавено на 26 октомври, 2021 во 08:31

Убиството полицијата не го поврзува со политичките афилијации на пратеникот, ниту, пак, со неговите политики во врска со ковид, кои, патем, не биле целосно спротивни на вакцините со оглед на тоа што поддржал ограничување на движењето на невакцинирани во одредени ситуации. Мотивите за убиството се терористички и на ниеден начин не се доведени во корелација со некакви ,,сатанисти” кои ги убиваат сите кои се против вакцините и ковид пасошите. Всушност, полицијата уште веднаш напомена дека никој, освен осомничениот, кој, пак е веќе приведен – на 25 годишна возраст со британска адреса на живеење, а по потекло од Сомалија, не се товари за ова грозоморно убиство, од што произлегува дека има само еден сторител, а не повеќемина

Рецензираме пост на Фејсбук во врска со смртта на пратеникот во парламентот на Британија, Дејвид Ejмес.

Сатанистите ги убиваат сите политичари кои се против големиот ресет, наци пасошите и боцките, се вели во постот.

На таков начин, убиството на Ejмес, се доведува во корелација со неговите залагања односно ставови за ковид-19 пандемијата. Но, не постојат докази ниту индиции кои сугерираат дека тие залагања, против вакцинацијата се мотив за убиството на пратеникот.

На 16 октомври, еден ден после инцидентот кој се случи, полицијата формално обзнани дека работи на истрага за тероризам во случајот со убиството на Ejмес. Раните индиции сугерирале на тоа дека станува збор за потенцијален ризик од исламски екстремизам, објави „Ројтерс“.

Осомничено е едно лице, на 25 годишна возраст, со британска адреса на живеење а по потекло од Сомалија, кое што е приведено, и се наоѓа во полициска станица во Есекс. Испрашуван е под антитерористички закони и се верува дека настапувал самостојно.

Дејвид Ejмес веднаш им подлегнал на повредите по нападот кој се случил во црква. Со повеќе убоди од нож осомничениот го нападнал, по што не успеале обидите на екипите за итна помош да го спасат неговиот живот. Ejмес беше убиен на 69 годишна возраст, беше оженет и татко на пет деца. Пратеник во парламентот е од 1983 година. Полицијата апелираше секој што го видел нападот, кој има снимки од безбедносна камера, камера на автомобилот, или на влезната врата, да ги контактира.

Ejмес зборуваше јавно против имплементацијата на вториот национален „локдаун“ во Англија во ноември 2020 година, задолжителното носење маски и вакциналните пасоши, но некои од мерките ги поддржа. Ејмес гласаше за владиниот закон за здравје и социјална заштита на 13 јули, кој ќе почне да се имплементира од 11 ноември, а ќе им забрани на луѓето да работат или да влезат во домови за згрижување, освен ако не се целосно вакцинирани против ковид-19.

Со оглед на тоа што убиството полицијата не го поврзува со политичките афилијации на пратеникот, ниту пак, со неговите политики во врска со ковид, кои патем не биле целосно спротивни на вакцините, како што може да се види и од тоа што поддржал ограничување на движењето на невакцинирани во одредени ситуации, постот го оценуваме како невистинитМотивите за убиството се терористички и на ниеден начин не се доведени во корелација со некакви „сатанисти“, кои ги убиваат сите кои се против вакцините и ковид пасошите. Всушност, полицијата уште веднаш напомена дека никој освен осомничениот, кој е приведен, не се товари за ова грозоморно убиство, од што произлегува дека има само еден сторител, а не повеќе

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.