Ковид пандемијата во заден план ги стави другите болести за детекција и лекување

Објавено на 20 септември, 2021 во 08:59

Покрај стравот да се оди на лекар поради ковид, за задоцнетата детекција на другите дијагнози значително допринесува намалениот обем на термини за преглед кај специјалист. Пандемијата ги извади на површина и проблемите со недостигот на медицински кадар за другите патологии коишто не се поврзани со ковид

Пишува: Мирослава Бурнс

Пандемијата со ковид-19 ги стави во заден план редовните контроли и детекцијата на другите патологии, велат за „Вистиномер“ матичните лекари и специјалистите кои ги контактиравме. Тие апелираат граѓаните да не се плашат да одат на лекар, за редовните контроли на срцето, белите дробови и другите здравствени аспекти, како и да ги прават рутинските прегледи на тироидната жлезда, ПАП тест, мамограм и сето она кое што е составен дел од грижата за сопственото здравје.

Покрај факторот на страв да се оди на лекар поради ковид, има уште еден фактор кој допринесува за доцна детекција на другите дијагнози, а тоа е намалениот обем на термини за преглед кај специјалист, тврдат лекарите.

СИСТЕМОТ МОЈ ТЕРМИН ПРЕБУКИРАН

Доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари, вели дека бројот на малигнитети, карциноми на дојка, мезотелиом (редок тумор кој се јавува на плеурата и во минатото не бил честа појава), сега во нејзината ординација се детектира со зголемен интензитет.

Во минатото не се случувало да имам пациенти со мезотелиом, а сега имам две пациентки во еден ист месец. Во иста амбуланта два случаи, во еден месец. Многу е во пораст туморот на дебело црево. Не можеме само за ковид да разговараме, кога луѓето страдаат и умираат и од аритмии, миокардити, тромбови. Во пандемијата голем број пациенти се плашеа да одат на лекар, па доцна се открија карциноми на белодробие. Луѓе кои никогаш не биле пушачи, се случуваше да починат од карцином. Се работеше за пациенти кои пет месеци седеле дома и се плашеа, а кога дојдоа во мојата ординација, веќе беа со метастази и многу брзо потоа починаа. Да се дојдеше на време сите здравствени субјекти ќе можевме нешто да преземеме навреме да се дијагностицира, да се оперира и да се даде хемотерапија во зависност каков тип на тумор е, вели доктор Чолакова Дервишова.

Таа вели дека во системот „Мој Термин“ има рестрикции за препраќање на пациентите од матичен лекар на специјалист.

Во Мој Термин нема доволно термини за рутински прегледи и ги праќаме пациентите на специјалист со итни упати. Не можеме да најдеме термин, зашто откако е ковид кризата, огромен број од специјалистите воопшто не се ставаат на термин. Функционираме со итни упати кои важат седум дена. Па и тие ги блокираат, па единствено ни останува итен упат да му напишеме на пациентот и да го пратиме лично директно на Клиника, па кога ќе го видат во каква состојба е, има опција самиот специјалист да креира упат, додава Чолакова Дервишова.

Според неа, пандемијата ги извадила на површина сите проблеми со недостигот на медицински кадар за другите патологии, кои што не се ковид.

Пациентите ми се жалат дека не можат да дојдат на контрола за стентови. Имаат проблеми тие што имаат пејс мејкери. Едноставно тешко се резервира термин. Мал е бројот на одредени гранки специјалисти како офтамолози, на пример. Ако имате нов дијагностициран пациент и да треба да му закажете преглед во Скопје, тогаш му закажуваат термин за два до три месеци за колоноскопија. Па луѓето отидоа во приватните клиники. Каде може еден карцином да чека три месеци? Затоа имаме еден куп пациенти кои одат во приватните болници и амбуланти да направат испитувања брзо и да се оперираат. Има дијагнози кои не чекаат, секоја секунда е драгоцена, децидна е Чолакова Дервишова.

СЕ ТРЕТИРААТ САМО УРГЕНТНИ СЛУЧАИ

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, инаку специјализант на Клиниката за кардиологија, вели дека има застој во амбулантското работење.

Ефективно во моментот редовните амбуланти на докторите специјалисти, ако имате шанса да закажете кај доктор специјалист, се укинати. На пример, на Клиника за кардиологија, редовни амбуланти, редовни прегледи немаме. Се оди преку ургентна и приоритетна амбуланта. Се третираат само ургентни состојби или пациенти кои веќе подолго време не биле лекувани, па добиваат приоритетен упат кој важи седум дена. Така што, ефективно има застој и нормално намален е волуменот на пациенти што се хоспитализирани зашто најголем дел од болниците, еден дел од просториите и кадарот ги имаат дадено за ковид. Има два фактори. Факторот страв кај пациентите дека доколку дојдат во болница ќе се заразат, особено пациенти кои не се вакцинирани. Најчесто стравот кај вакцинираните пациенти е редуциран, што е оправдано, зашто тие имаат одредено ниво на заштита па дури и при зараза не би дошло до посериозни компликации. И втората причина поради која пациентите доаѓаат доцна на преглед е тоа што не е оперативен ,,Мој термин” и не можат да закажат термин кај докторот кој ги води. Чекаат со надеж дека ќе бидат укинати тие мерки, но мерките веќе опстојуваат многу долго време и доаѓаат многу доцна кога состојбата ќе им се искомплицира во некоја ургентна амбуланта, најчесто навечер, изјави доктор Георгиева за „Вистиномер“.

На прашањето дали може да наведе на кои клиники оваа состојба е најизразена, таа рече дека се повеќе.

Не можам да наведам конкретна клиника. Се случува на сите клиники, сите интернистички клиники, односно 70 проценти од нив имаат дадено дел од своите простории за ковид пациенти. На пример, Клиниката за нефрологија, гастроентерохепатологија, уво нос и грло, очна клиника, кардиологија, неврологија е веќе долго време букирана, клиниката за кожни болести е многу долго време ковид центар, така што ова се клиники каде редовната патологија навистина многу трпи, посочи доктор Георгиева.

Нејзиниот колега, доктор Иле Кузманоски, специјалист на Клиниката за кардиологија, вели дека состојбата во текот на летото била подобра, односно имало термини за дијагностички постапки. Но, при крајот на летото и почетокот на есента, кога евидентирано беше зголемување на бројот на ковид позитивни во земјава и кадарот и болничките капацитети се ориентирани најмногу на ковид.

Од пред околу десетина дена ги укинале и термините и голем дел од дијагностичките постапки. Беа пуштени еден период во летото, а сега од пред некој период ги укинале повторно, термините се тргнати. На пример, стрес тест, холтер, за крвен притисок, за дел од тие постапки нема термини. Ако некој дојде со акутна состојба ние секако ќе го истретираме и ќе направиме дел од тие дијагностики, но само за акутна состојба, а кај хроничните пациенти со закажување преку матичен или слично, термините се повлечени, ги нема од пред некое време и во дел од амбулантите за дијагностика се намалени прегледите, вели доктор Кузманоски.

„Вистиномер“ се обрати и до директорот на Институтот за трансфузиона медицина, доктор Садула Усеини. Во оваа институција, ковид пандемијата не создала никаков застој во континуитетот и обемот на собрани единици крв, односно состојбата со донациите на крв е „како да нема пандемија“.

За шест месеци собрани се 24.633 единици крв. Тоа значи дека планираното е остварено. Во моментот располагаме со доволни количества на крвни продукти во сите болници ширум земјата. Има 1.637 единици на еритроцитен концентрат вкупно. Потребите од тромбоцитен концентрат се задоволуваат постојано најчесто за хемато-онколошки пациенти, а се издвојува од даруваната крв, но може да се добие и преку дарување на тромбоцити со аферезна процедура на клеточен сепаратор. Веќе Институтот има регистер на дарители на крв и регистер на дарители на тромбоцити. Свежо смрзната плазма секогаш имаме во доволни количини. Продолжуваме со дарување на конвалесцентна плазма која се добива од оздравени лица од ковид 19. Во резерва имаме 49 единици и имаме континуиран прилив и ги обезбедуваме сите барања на ковид центрите. Благодарам на сите хумани луѓе кои даруваат крв, даруваат тромбоцити и конвалесцентна плазма и помагаат на нашите пациенти, вели доктор Усеини.

Секоја година на 15 септември се одбележува Светскиот ден за подигнување на свеста за лимфом. Кон одбележувањето на овој ден во ек на ковид пандемијата се приклучи ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија со апел до населението за сеирозноста на лимфомот како заболување, и важноста од негова рана детекција и навремено лекување што е можно само преку заедничка соработка на пациентите со лекарите.

Директорката на Клиниката за хематологија, доктор Ирина Пановска Ставридис, вели дека од почетокот на пандемијата забележано е континуирано опаѓање на бројот на новодијагностицирани пациенти со лимфом, што, за жал, се должи на ненавременото посетување на матичните лекари, со што се пролонгира раното дијагностицирање кое е од огромна важност кај малигните заболувања.

Хематологија не престана да работи, меѓутоа, за жал, пациентите не доаѓаа. Ние воведовме и втора смена, и амбуланта, но имаме намалена инциденца, што не значи дека има помалку малигни заболувања, туку луѓето не доаѓаат откако почна ковид. Годинава е најзначајна промената. Има и публикувани податоци од САД дека за 40 проценти се намалени превентивните прегледи таму, откажувале луѓето, едноставно не доаѓале, посочи доктор Пановска Ставридис.

Клиниката за хематологија во Скопје отвори електронска амбуланта со која се поедноставува комуникацијата меѓу матичните лекари и хематолозите. Редовното одење на преглед и следењето на хроничните состојби е составен дел од успешното справување со здравствените дијагнози, затоа што на таков начин, се овозможува поголема шанса да тие да се третираат навремено и да се направи сè што е во моќ на лекарите за здравјето на луѓето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด