Омикрон ја затвора Европа: Ова се мерките кои ги воведуваат земјите

Објавено на 21 декември, 2021 во 12:01

Речиси еден месец откако новата варијанта на коронавирусот омикрон беше откриена во Јужна Африка, таа почна забрзано да се шири во Европа и според предвидувањата, би можела уште во февруари да стане доминантна. Како резултат на тоа, некои европски земји веќе се одлучија за построги и поригорозни заштитни мерки

Пишува: Ана Анастасовска

Омикрон варијантата на коронавирусот досега е регистрирана во 89 земји во светот и се шири бргу, дури и во регионите каде голем дел од населението е имунизирано, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според анализите на СЗО, бројот на заразени со омикрон се дуплира на секои три дена во државата каде тој се шири локално, а не само од луѓето кои доаѓаат од странство.

Сè уште останува непознато колку сериозна клиничка слика предизвикува омикрон.

Податоците за клиничката сериозност на омикрон се сè уште ограничени. Потребни се повеќе информации за да се разбере ова, вклучително и колку е сигурен постоечкиот имунитет, соопшти СЗО.

И покрај големиот број непознаници во врска со омикрон, во Европа веќе владее паника поради неговото ширење, а многу земји воведоа или најавија построги мерки.

Тревога во Лондон, најавени мерки во Британија

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан на 18 декември објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти заразени со ковид-19 поради брзото ширење на варијантата омикрон.

Кан рече дека бројот на хоспитализирани, но и недостигот на медицински персонал се зголемуваат и по консултациите одлучил да прогласи „вонредна состојба“ поради сериозноста на ситуацијата.

Зголемувањето на бројот на заразени со омикрон во нашиот главен град е многу загрижувачки. Омикронската варијанта брзо преовлада поради брзото ширење на случаи на инфекција, а бројот на хоспитализации во нашите болници повторно расте, изјави  Кан, повикувајќи ги жителите на Лондон да се вакцинираат.

Владата во Британија ја врати обврската за носење маски на повеќето јавни места (не во пабови и ресторани). Властите, исто така, ја охрабруваат работата од дома и воведоа здравствена пропусница за поголеми собири.

Холандија во строга божиќна блокада

Холандија од викендов е во „локдаун“ за време на божиќните празници. Несуштинските продавници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Истовремено, бројот на гости кои можат да се примат дома се намалува од четири на двајца, освен на Божиќ, Бадник и Свети Стефан, 26 декември, а за Нова година може да има и четири.

На отворено може да се соберат најмногу две лица, освен за погреби. Но, сообраќајните ограничувања се уште не се решени. Со недели, во земјата има полициски час за угостителските и културните места, односно по 17 часот сè беше затворено освен супермаркетите.

Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се неизбежни.

Холандија повторно се затвора. Ова е неизбежно бидејќи ни доаѓа петти бран со омикронската варијанта која се шири побрзо отколку што мислевме. Треба да интервенираме од претпазливост, изјави Руте во саботата (18.12.) на прес-конференција.

Германија воведе божиќно заклучување за невакцинираните

Германија ги заостри мерките за невакцинираните, кои вклучуваат драстични ограничувања за контакт и пристап до малопродажба и културни и спортски натпревари и воведува општа обврска за вакцинација против коронавирус.

Одлучено е пристап до малопродажба, со исклучок на продавниците за секојдневни потреби, да имаат само вакцинирани или прележани од коронавирус, а тоа важи и за културни и спортски настани. Строги мерки за ограничување на контактите со невакцинираните лица важат и во приватниот сектор. Доколку меѓу оние што се среќаваат има невакцинирани лица, тогаш е дозволено да се состанува едно домаќинство со најмногу два члена од друго домаќинство.

Бројот на посетители на масовните настани треба да биде ограничен на 30 проценти од просторниот капацитет, но не треба да надминува 15.000 на отворено. Во затворен простор, бројот на посетители е ограничен на 5.000. Во провинциите со висока инциденца, се препорачува целосна забрана за културни и спортски собири. Ноќните клубови и дискотеките се затворени со повеќе од 350 инциденти.

За дочекот на Новата година забраната за собири важи во цела држава, а во пресрет на празниците ќе биде забранета и продажбата на пиротехнички средства.

Германија воведе и ограничувања за патување за патниците од Велика Британија. Повеќето патници од Обединетото Кралство нема да смеат да влезат во земјата, освен германските државјани и жители, но ќе мора да направат негативен тест при преминувањето на границата и да поминат две недели во карантин, без разлика дали се вакцинирани.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах во неделата (19.12.) изјави дека Германија нема да влезе во карантин за Божиќ, за разлика од соседна Холандија.

Не, нема да имаме заклучување како Холандија пред Божиќ. Но, всушност, ситуацијата е ваква: петтиот бран доаѓа кај нас. Го надминавме критичниот број на луѓе заразени со омикрон. Затоа овој бран повеќе не може целосно да се запре и мора да се спротивставиме, рече Лаутербах за АРД.

Построги услови за влез во Австрија

Австрија ги заостри мерките на границите поради омикрон, па од понеделник (20.12) во земјата слободно ќе можат да влезат само вакцинираните со три дози и оние кои го преживеале ковид-19.

Оние кои не ја примиле третата доза од вакцината мора да покажат ПЦР тест на граница или да одат во карантин по пристигнувањето. Изолацијата ќе заврши по негативен ПЦР тест.

Од ова правило се исклучени бремените жени и оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, што мора да биде докажано со лекарско уверение.

За децата се усвоени посебни правила. На децата на училишна возраст им е дозволено да влезат во државата со докази за доволно тестирање, што значи три пати неделно. Овие мерки не се однесуваат на деца под 12-годишна возраст.

Овие построги правила се голем предизвик, особено за оние кои патуваат во странство за божиќните празници. Но, тие се особено потребни во ова време кога Австрија се бори против ширењето на омикрон, рече министерот за здравство Волфганг Миекштајн.

Париз ги откажа новогодишните прослави

Париз го откажа новогодишниот огномет и други новогодишни настани на Елисејските полиња во согласност со новите мерки на владата за спречување на ширење на омикрон варијантата на коронавирусот.

Францускиот премиер Жан Катекс објави забрана за големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за ковид-19 пред новогодишните забави.

Омикронската варијанта се шири со молскавична брзина во Европа и најверојатно ќе стане доминантна во Франција до почетокот на следната година, предупреди премиерот.

Италија воведе построги мерки на границите

Италија, исто така, ги заостри условите за влез на патниците од Европската Унија, воведувајќи задолжителен негативен тест за коронавирус за сите и петдневен карантин за невакцинираните. Досега, граѓаните на ЕУ можеа да влезат во Италија со сертификат за целосна вакцинација, со сертификат за прележаност на ковид-19 или со негативен тест.

За оние кои доаѓаат надвор од ЕУ карантинот е веќе задолжителен.

Забрана за алкохол во Норвешка

Норвешка го забрани служењето алкохол во баровите и рестораните, воведе построги правила во училиштата и ја забрзува програмата за вакцинација. Се забраниува точење алкохол во барови и ресторани.

За многумина, ова ќе изгледа како заклучување, ако не на самото општество, тогаш на нивните животи и средства за живот. Стапката на зараза во Норвешка драстично се зголемува, а сега добивме нови сознанија за сојот омикрон и колку брзо може да се шири. Ние сме во сериозна ситуација, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

Во Данска се споменуваат нови мерки

Речиси 10.000 нови инфекции со коронавирус беа пријавени во четвртокот во Данска, што е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Шефот на Националната агенција за заразни болести, Хенрик Улум, рече дека варијантата омикрон е пронајдена во приближно 3.000 од тие случаи. Од крајот на ноември, во Данска се откриени вкупно 9.000 случаи на инфекција со омикрон.

Улум посочи дека ширењето на вирусот е предизвикано од ноќните излегувања на граѓаните и оти ако не се преземе ништо, инфекцијата ќе продолжи да расте.

Претходно, премиерката Мете Фредериксен на Фејсбук најави нови мерки во борбата против коронавирусот, но не прецизираше ништо.

Не се сомневам дека се потребни нови мерки за да се прекине синџирот на инфекција, напиша таа.

Грција ги заостри мерките за влез во земјата

Од 19 декември, Грција воведе задолжителен негативен ПЦР тест за сите странски државјани кои сакаат да влезат во земјата.

Како што објави весникот „Катимерини“, во прв момент беше соопштено дека мерката ќе се однесува само на посетителите од Велика Британија и Данска, но министерството за здравство кажа дека ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија.

Оваа одлука е дел од напорите на владата да ја стави пандемијата под контрола додека се појавуваат грижи околу новиот сој омикрон, соопшти министерството за здравство.

Каква е ситуацијата во Северна Македонија?

И покрај тоа што сојот омикрон забрзано се шири во Европа, Северна Македонија засега нема да воведува нови мерки и рестрикции. Министерот за здравство, Венко Филипче, неодамна оцени дека  епидемиолошката ситуација во земјата е стабилна. Според него, сè уште нема доволно познати информации за новата варијанта на коронавирусот.

Некаква рестрикција во однос на затворање на границите, карантин за патниците кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија, изјави Филипче.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด