51 санкционирани возачи на територијата на Велес

Објавено на 29 септември, 2023 во 10:19

Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата,вчера од 9:00 до 13:00 часот, спроведоа акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 51 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без заштитен шлем, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла).

„На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци,“ соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додадоа дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и упатија апел.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.