Актерот Зоран Љутков избран за претседател на Совет на Општина Велес

Владеачкото мнозинство во Советот на Општина Велес предводено од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница со вкупно 14 гласа го избра Зоран Љутков за претседател во наредниот четири годишен мандатен период. За Љутков гласаа 10 членови на ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери, тројца советници на Левица и еден советник на ДУИ.

По изборот Љутков се заблагодари на советниците кои гласаа за неговиот избор како и на останатите, кои не гласаа, велејќи дека мислењето набрзо ќе го променеле.
-Јас морам да кажам дека со самото тоа што сме се нафатиле да работиме, ние ќе работиме чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Очекувам од сите вас, советниците, дека во наредниот мандат од четири години одлуките ќе ги носиме со 23 гласа „За“. Би сакал тоа да се случува. Ви благодарам уште еднаш и Ви посакувам успешна работа на сите, додаде Љутков.
Неговиот против кандидат предложен од Коалицијата предводена од СДСМ, Кирил Гајдов доби осум гласа.
Убавка Јаневска
