Андреј Петровски од Градско победник на општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2024“ одржан во велешката библиотека
Андреј Петровски од основоното општинско училиште „Даме Груев“ од Градско, денеска, го доби првото место на општинкиот натпревар „Млади библиотекари 2024“ којшто се одржа во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. Тој заедно со својата менторка Лидија Катулкова изминатиот временски период вежбал и добро се подготвил за натпреварот. Сега, со наградата се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библитекари 2024“ кој ќе се одржи на 21 мај, во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.
На денешниот општински натпревар, второто место го освои ученичката Талиа Павловска од ООУ „Васил Главинов“ со ментор Каролина Попова, додека трето место го освои Ана Коцева ученичка во ООУ „Даме Груев“ Градско со менторот Лидија Каратулкова.
Од велешката библиотека додадоа дека на денешниот натпревар учествуваа вкупно девет ученици од сите основни училишта од Велес, Чашка и Градско.
Сите ученици беа наградени со благодарница, додека учениците добитници на прво, второ и трето место добија диплома и соодветна награда.
Стефани Манева