Ангелина Димовска Стојанова : Преку индивидуални средби жртвите на семејно насилство ги зајакнуваат и надминуваат траумите (аудио)
Психолошкото советувалиште во склоп на организација на жени од Велес, веќе 18 месеци нуди помош на жени и деца жртви на семејно насилство, посебно на жени жртви коишто одлучиле да го напуштат насилникот. Со психолошката помош и поддршка всушност на жената жртва на семејно насилство и се овозможува преку индивидуални средби да ги зајакне и надмине преживеаните трауми и воедно да го прекине кругот на насилството.
Дипломираниот психолог Ангелина Димовска Стојанова којашто работи со жените, рече дека со оваа помош и поддршка којашто ја добиваат тие од редовните одржани индивидуалните средби според динамиката и времето коешто нив им одговараат, овозможуваат да стекнат вештини и знаења за јакнење на самодовербата.
Таа додаде дека со жртвите работи 24 часа во текот на неделата и како психолошко друштво се достапни за жените жртви на семејно насилство и на социјалните мрежи и на вибер. Во ова психолошко советувалиште може да доаѓаат жени од Велес, Чашка, Градско како и околните места и нивниот идентитет ќе биде целосно заштитен. Според Димовска Стојанова, бројот на жртви на семејно насилство е застрашувачки.
Психолошкото советувалиште се наоѓа во Велес, на кривината кон болница, во МЗ Трајко Панов. Истото е отворено преку националната мрежа против насилство а како подгрантис е Организација на жени преку проектот „На пат кон ЕУ“ во спречување на насилтвото врз жените во РСМ. Додека, за воспоставување на средби со психолошка поддршка на жени жртви финансирано е преку мрежата Квина Квалквина.
Стефани Манева