Без вода две улици во Велес се до отстранување на дефект
Објавено: 2 јуни, 2026, во 09:21 часот
Од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Дервен“ известија дека поради дефект без вода се жителите на улиците Гемиџиска и Басил Главинов во Велес.
„Поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водоводна линија, прекин на водоснабдувањето ќе има на ул. Гемиџиска и ул. Васил Главинов, се до завршување на работите,“ соопштија од „Дервен“,
Дума.мк


