Бездомни кучиња собориле и искасале жена во Кавадарци

Објавено на 30 ноември, 2024 во 15:43
Фото: Илустрација

Четириесет и девет годишната Д.П од Кавадарци, вчера вечер, во 21.10 час во Одделението за внатрешни работи Кавадарци пријавила што доживеала на улица во градот.

-ДП (49) од Кавадарци пријавила дека на 29.11.2024 година, во 21:10 часот, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци била нападната од неколку кучиња, при што била соборена на земја и касната, а од случајни минаувачи кучињата биле избркани“ пишува во информација во Полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.