Безживотно тело на маж пронајдено во кавадаречко

Објавено на 3 август, 2022 во 14:43
Фото: Архива Дума.мк

Во Полициска станица Кавадарци завчера вечер, околу 22:00 часот, било пријавено дека на пат помеѓу селата Рожден и Клиново, било пронајдено тело на починато машко лице без видливи знаци на насилство.

Безживотното тело лежело покрај патничко моторно возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки.

-Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција, соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License