Завршува жетвата на оризот во Чашка

Објавено на 24 октомври, 2014 во 15:11

Жетвата на оризот во овој централен дел на државата е при крај. И покрај лошите временски прилики годинава, оризопроизводителите од селата по течението на реката Тополка се задоволни од родот и квалитетот. Тие велат дека се задоволни од пласманот и добрата откупна цена што им ја нудат откупувачите.

„Како што беа временските прилики презадоволен сум од родот. Од еден хектар и четири декари произведов 10 тони оризова апра. Уште позадоволен сум што компаните од кочанско кои веднаш ми го откупија оризот и тоа по цена од 24 денари за килограм што е за четири денари повеќе од лани. Најважно е што парите ги добив за седум дена по предавањето“, вели Митко Игнов, оризопроизводител од Чашка.

Во Чашка од засеаните четириесетина хектари досега се  собрани и продадени повеќе од 500 тони квалитетна оризова арпа. Најголем број од производителите од селата Голозинци, Еловец, Чашка, Мелница и Лисиче  оризовата арпа веднаш по жетвата ја продадоа. Мал е бројот на производители кои арпата ќе ја носат во млиновите за да добијат бел ориз.

„Цената на белиот ориз е повисока меѓутоа , кога компанииите  за седум дена ни ги даваат парите подобро е да го предадеме како арпа. Со изградбата на браната  Лисиче, доволните количества на вода во реката Тополка  и добрата откупна цена ќе придонесат в година површините под ориз значително да се прошират“, предвидува Игнов.

Инаку, пред повеќе од триесетина години во реонот покрај реките Тополка и Бабуна оваа култура  беше застапена на повеќе од 500 хектари од кои се собираа над  4.000 тони квалитетна оризова арпа. / С.А.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.