Оџа осуден за измама на условна затворска казна

Објавено на 29 ноември, 2014 во 09:59

Наместо за реконструкција на џамијата, оџата од велешко Горно Врановци си ги потрошил парите за свои потреби. Велешкиот суд го осуди на три месеци условна затворска казна, ако во следната година не направи друго кривично дело, но исто така има обврска да ги врати и парите.

Оџата Нејаз Мијати од село Бузалково, во периодот од јуни 2004-та до јули 2009-та , кога почнала обновата на џамијата во Горно Врановци, се договорил со лице од Германија да соберат пари и да му ги пратат за поправка на џамијата.

Дваесет и две илјади евра била сумата што од Германија му ја испратиле на оџата. Тој потрошил над седум илјади, девет и пол илјади вратил а за себе си задржал уште пет илјади евра.

За парите дури потпишал и договор на нотар дека ќе ги врати до крајот на 2010-та, но не го сторил тоа. Oџата беше обвинет за кривично дело измама и освен што има правосилна пресуда за условна затворска казна, тој треба да ги врати парите што ги потрошил./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.